Еден од најголемите уметници во историјата на реге музиката, Боб Марли во својата кариера често пееше за љубовта и жените. Тој во речиси сите песни има инспиративни цитати, кои и ден денес се споделуваат на социјалните мрежи.
Тој знаеше да сака и чувствуваше љубов. И кон светот, а најмногу кон жените. И совршено објасни како треба да ги сакаме.
„Можеби нема да и бидеш прв маж, ни последен ни единствен. Сакала пред тебе, а можеби ќе сака и подоцна. Но, ако сега те сака, зарем е друго нешто важно? Таа не е совршена, но не си ни ти“, знаеше да каже Марли.