После блокадата од страна на Бугарија на денешниот амбасадорски состанок на ЕУ, актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил напиша дека после ваков неуспех потребна е оставка од владата и да се поништи Договорот со Бугарија.
„Блокада од другарчињата бугарчиња, а Заев? Мислеше си фактор и можеш да се пазариш со ѓаволот. Ги виде колку не сакаат? Наивен човек. Или можеби не си толку наивен, колку што си…
После оваа блокада, треба веднаш да падне владата, па на избори.
И поништете го Договорот со Бугарија, веднаш.
Вие членовите на СДС, до кога планирате да ќутите? Барајте од лидерот да го запали тој договор јавно и да бара прошка за штетата што ни ја нанесе“ напиша Тасевски на Фејсбук.
Инаку, Денеска во Брисел се одржа дискусија на амбасадорско ниво за преговарачката рамка за влез на Македонија во Европската унија.
“На првиот состанок на Комитетот за постојани претставници во Советот на ЕУ, Македонија ја доби првата непријателска порака од Бугарија, а нашите соседи го прекршија и Договорот за добрососедство,“ информираше премиерот Зоран Заев.