Каролина Гочева објави фотографии од одморот во Италија, каде во текот на јули беше заедно со сопругот Михаил Корубин. Облечена во фустан со длабоко деколте, таа блеска на фотките од летниот одмор.
Таа објави фотографии како ужива во знаменитостите на регионот Пуља, но и на плажата Галиполи.
Каролина на 4 август требаше да одржи концерт во Охрид на Антички, но поради ковид таа го откажа и најави средба со охридската публика во септември.