Благојчо Ѓоргиев од Кочани одлучи својата електрична количка да ја продаде за да помогне за лекување на малиот Леонид.
Благојчо кој и самиот е лице со инвалидитет, својот инвалиден скутер кој чини најмалку 75.000 денари да го продаде за 30.000 само за да се соберат пари за лекување.
-Кој ќе уплати 30.000 денари на сметка на Леонид, минимум 30.000 денари, слободно нека дојде да го земе скутерот, ако му треба, нему или на некој близок. Нека го земе скутерот, јас ќе се туркам во инвалидна собна количка. Фала му на Бога, можам и со рацете да се туркам – вели Ѓоргиев.