И македонскиот оперски пејач со светска кариера, Благоја Нацоски, кусо го искоментира скандалот со дивеењето на навивачката група „шверцери“ во Македонски народен театар.
“Пред неколку години имаше обид Ерос Рамацоти да има концерт во познатите “Теrme di Caracalla“ во Рим, каде од 1937 традиционално се изведуваат оперски и балетски претстави, како и првиот концерт ,,Три тенори“ во 1990. Предлогот Ерос да има концерт таму беше одбиен со образложение дека тоа е место за ,,висока култура“. Толку од мене! “-напиша Благоја Нацоски на својот Фејсбук профил.