Благоја Милевски повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација

by Тони Зографски

Македонската фудбалска федерација на социјалните мрежи објави дека Благоја Милевски повеќе нема да биде селектор на сениорската фудбалска репрезентација.

-Искрена благодарност до Благоја Милевски и неговиот стручен штаб за досегашната посветена работа, професионалната соработка и постигнатите резултати. Му посакуваме здравје и многу успех во понатамошната тренерска кариера – напишаа во краткото соопштение од ФФМ.

Во својот мандат на клупата на најдобрата македонска репрезентација, од 1. август 2021 година, Милевски ја предводеше Македонија на 48 натпревари. Под негово водство, репрезентацијата забележа 18 победи, 14 нерешени и 16 порази. Во овој период, Македонија успеа да избори два бараж дуели за пласман на Светско првенство, заврши како првопласирана во Ц сегментот од Лигата на нации и обезбеди настап во Б дивизијата во следното издание на натпреварувањето.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com