Јовица Васиќ, ѓубреџија од Белград немал поим дека ќе стане најбараниот маж во Србија поради видеото на кое вози камион за ѓубре.
Имено, откако Јовица објавил видео на ТикТок во кое се снимал на своето работно место, го контактирале бројни жени кои го коментирале неговиот изглед.
„Колку си убав“, „Насмевка од милион долари“, „Еј, одлично изгледаш, Господ ти дал сè“, „Омажи се за мене“, „Би го чекала да дојде по ѓубрето“, се дел од коментарите каде девојките го фалат Јовица, кој не се срами од својата работа.
„Секоја работа е чесна“, „Секоја работа е тешка, но вашата е уште потешка, секоја чест“, „Само нека биде е чесно“, го фалат во коментарите.
https://twitter.com/i/status/1488336922988748802