БИ-БИ-СИ СЕ ПОСРАМОТИ: Наместо Коби Брајант го “погреба“ Леброн Џејмс (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Во моментите кога целиот свет тагува поради смртта на Коби Брајант, неговата ќерка Џиана Џиџи и уште седум други лица, кои настраа во хеликоптерската несреќа во Калифорнија, британскиот јавен сервис Би-Би-Си направи недозволива грешка со која го згрози целиот свет.

Имено, Би-Би-Си ги помеша Коби Брајант и Леброн Џејмс и во веста за трагичната смрт на еден од најдобрите кошаркари во историјата, тие ставија фотографии на Леброн Џејмс, алудирајќи дека токму тој загинал во несреќата.

Ваквиот потег на Би-Би-Си предизвика реакции низ целиот свет, бидејќи еден од најугледните и најпрестижни медиуми, не смее да си дозволи ваква грешка.

„Кој го пушти ова? Би-Би-Си користи снимки на Леброн Џејмс наместо Коби Брајант. Убаво на дресот пишува Џејмс“, напиша еден од гневните корисници на Твитер.

Набргу по овој скандал, уредникот на Би-Би-Си, Пол Ројал ја призна грешката.
– Во вечерниот извештај за смртта на Коби Брајант за Би-Би-Си њуз 10 по грешка искористивме слики на Леброн Џејмс во еден дел од извештајот. Се извинуваме поради оваа човечка грешка – изјави Ројал.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com