Поп-ѕвездата Бијонсе (37) пееше на забавата во пресрет на свадбата на ќерката на најбогатиот Индиец во државата Раџастан во Индија. Имено, бизнисменот Мукеш Амбани ја мажи ќерката Иша Амбани (27) за Ананд Пирамал (33) исто така, син на милионер од Мумбај, а венчавката ќе се одржи во среда.
Меѓу гостите поканети на свадбата се поранешната прва дама и државна секретарка на САД Хилари Клинтон, медиумскиот могул Аријана Хафингтон, тајкунот Лакшми Митал и други славни личности од целиот свет кои стигнуваат во Индија со 100 приватни чартер летови.
Не е познат хонорарот за настапот на Бијонсе која била облечена во стилот на Индија, а која ги исполнила сите хитови од кариерата.
Инаку, Мукеш Амбани, таткото на невестата, е најбогатиот човек во Индија и во Азија воопшто, како и 19-ти најбогат човек во светот, според Форбес. Семејството Амбани живее во 27-катница во приватниот град Антилија во Мимбај, што се смета за најскапата куќа на светот вредна над 1 милијарда долари, со градини на повеќе нивоа и три хелидроми.
.@priyankachopra shakes a leg on Desi Girl at #IshaAmbani and #AnandPiramal’s pre-wedding bash. pic.twitter.com/U5nFS0pQHp
— Filmfare (@filmfare) December 10, 2018