Што да се купи на луѓето кои имаат сѐ? Rolls-Royce го има одговорот…
Престижниот британски бренд произведе само три примероци од моделот Boat Tail, а секој од нив е персонализиран со облоги и материјали за да одговара на желбите на нивните сопственици.
Задниот капак се отвора како крило од пеперутка, а откако двата лизгачки делови ќе се подигнат нагоре, се навалуваат за 15 степени за лесно да се извади комплетот за пикник кој вклучува столчиња од карбонски влакна, чадор за сонце, прибор за јадење Christofle…
Се разбира, има и ладилник за шишиња шампањ.
Под долгиот преден дел се крие познатиот 6,7-литарски твин-турбо V12 на Rolls-Royce со 571 КС. Развојот на автомобилот траел четири години.
Иако Rolls-Royce ги крие имињата на своите клиенти, британските медиуми пишуваат дека купувач на еден примерок е американската пејачка Бијонсе, која потрошила 28 милиони долари за новиот миленик на четири тркала.