Кели Гордон кој има 27 години, самиот се нарекува “најпознат донатор на сперма во светот“. Тој е од Лос Анџелес, татко е на дури 18 деца во САД, а уште четири се на пат. Тие се родени последниве четири години. Неговите квалитети што го прават добар донатор на сперма се: “ Не се дрогира, не пуши, не пие алкохол и кафе и квалитетно се храни“.
Кели кој претходно имаше фесјбук страница каде ги нудеше своите услуги, секој месец има стотина барања за донација. Тој вели дека секој месец донира сперма за две до пет деца, а прифаќа и секс како опција за зачнување на дете. За услугите тој не добива пари.
Прв пат за ваквиот потфат се одлучил кога сватил дека му е досадно во љубовта и кога прв пат им помогнал на еден брачен пар во години. Тој донира сперма во разни градови во Америка, а сега планира “бизнисот“ да го прошири и во Велика Британија.
Неговите клиентки имаат од 18 до 42 години, а Кели претходно ја проверува нивната финансиска состојба се со цел неговите деца да не живеат во сиромаштија.
Гордон планира за дваесет години да организира забава на Денот на татковците на која би ги собрал сите свои биолошки деца.