Папата Фрањо, кој веќе неколку дена откажува одредени активности поради настинка, не е заразен со коронавирус, објави италијанскиот весник „Ил Месаџеро“.
Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни немаше коментар, пренесува Ројтерс.
Папата е тестиран за коронавирус, бидејќи неговата настинка не поминува со денови, а имал и треска и кашлица.
Тој кивал и кашлал пред пет дена за време на миса, по што се бакнал и се ракувал со десетици луѓе на плоштадот Свети Петар.
Во меѓувреме, Папата откажа некои аудиенции за да се опорави, без да присуствува на една миса.