Холивудскиот глумец Николас Кејџ го исфрлиле од луксузен ресторан во Лас Вегас бидејќи мислеле дека е пијан бездомник. Тој во видно алкохолизирана состојба е исфрлен од ресторанот Lawry’s Prime Rib, а инцидентот се случил минатата недела.
Глумецот уживал во виски и текила по што станал агресивен.
– Бевме во барот кога забележавме тип за кој прво мислевме дека е пијан бездомник. Се однесуваше лудо. Се шокиравме кога подоцна се утврди дека тоа е Николас Кејџ. Беше целосно вон себе и се расправаше со персоналот. Беше во многу лоша состојба и шеташе бос. Персоналот ни кажа дека пиел текила и виски. Викаше на луѓето и се обидуваше да се степа, а потоа персоналот го замоли да си оди. Беше толку пијан што едвај ги облече обувките, пред да го испратат. На крај, еден од гостите на ресторанот го однесе дома – раскажуваат сведоци за британскиот The Sun.
Инаку, ова не е првпат Никола да се снима пијан во јавност. Во март 2019 година, тој е снимен како вика додека аплицирал за дозвола за брак во судница во Лас Вегас. Потоа се оженил со својата четврта сопруга, Ерика Коике.
Четири дена по венчавката, побарал поништување, тврдејќи дека бил пијан и не знаел што прави.
Во февруари оваа година, тој се ожени по петти пат, исто така во Лас Вегас, со Рик Шибат, 30 години помлада од него.