Професорот на Универзитетот во Питсбург, Бинг Лиу (37), кој, како што тврди универзитетот, бил на работ на „многу значајно откритие“ за коронавирусот, бил застрелан во текот на викендот. Неговото тело е изрешетано и е најдено во неговата куќа во местото Рос Тауншип. Имал прострелни рани во пределот на главата, вратот, рамениците и други делови од телото.
Полицијата верува дека другиот маж, Хао Гу, пукал и го убил Лиу во неговиот дом, пред да се врати во автомобилот и да изврши самоубиство.
Полицијата верува дека мажите се познавале и велат дека постојат “нула индикации дека професорот бил убиен затоа што е Кинез”, соопштил детективот Брајан Кохлхип.
Членовите на медицинската школа на Универзитетот во Питсбург, во Пенсилванија, САД, својот колега го опишале како прекрасен човек, колега и истражувач и ментор. Тие изјавиле дека Биг бил на прагот на многу значајни наоди на разменување на ќелиските мегханизми, кои стојат во основата на САРС-ЦоВ-2 инфекцијата. Ветија дека ќе го довршат неговото истражување и дека така ќе му одадат почест.
Инаку, Лиу кој е роден во Кина, докторирал на Универзитетот во Сингапур.