Дејвид Глашин пред 20 години донел несекојдневна одлука. Иако бил милионер, ја напуштил работата и се што го оптеретувало и заминал да живее на пуст остров.
Се почналот со крахот на берзата во Сиднеј, кога Дејвид изгубил шест милиони евра.
Тогаш во него нешто „пукнало“, ја оставил фирмата која се занимава со ископ на злато и заминал на пуст остров во североистокот на Австралија.
Во врвот од својата моќ, тој имал 25.5 милиони евра а сите ги вложил во недвижности во Сиднеј.
Денес се храни со кокоси и ракчиња, а соларната енергија му овозможува да има интернет. На островот единствено друштво ми е кучето Каси, а некогаш го посетуваат и пријателите.