Фотографија од натпис блиску до училиштето Владислав Рибникар каде вчера се случи масакр сугерира дека неговите врсници можеби навистина го задевале и му вршеле булинг. На натписот на плочник со спреј пишува „Коста Кечмане. Педеру! Те очекуваме“.
Фотката на Фејсбук ја сподели Милан Антонијевиќ кој напиша:
„Оваа стара фотографија од паркот до основното училиште „Владислав Рибникар“ е пораз за општеството, а сите што придонеле овие деца да им пишуваат на другарите вака во изминатите години или не реагирале на тоа, иако тоа е нивна работа, може слободно да преземат дел од одговорноста. Ве очекуваме! #одговорност“.
Оваа теза е спротивна на изјавите на една мајка на ученичка чија ќерка се нашла на списокот за отстрел на Коста. Мајката вели дека напротив, Коста бил разгалено дете и дека не е точно дека неговите родители не разговарале со него.
– Го познавам момчето, доаѓаше во мојата куќа, родителите разговараа со него. Не играше игрици, не беше малтертиран, девојките беа заљубени во него. Тргнете го тоа, немојте да живеете во лага, тој беше разгалено, монструозно дете – низ солзи рече вознемирената жена.
– Воопшто него жалам. Тргнете го ова „разговарајте со децата“, тие разговараа со него – извика таа.
Коста К. уби осум соученици, чуварот на училиштето, а ја рани учителката по историја и уште осум лица. Некои од нив се во критична состојба. Доказите велат дека тој го спремал масакрот месец дена претходно, а во разговоро со работниците од Центарот за социјална работа тој изјавил:
– Жал ми е што не ги убив сите студенти на списокот! Сакав да се вратам и да ги убијам сите, но ранецот со молотови коктели ми испадна во дворот и не можев.
Познато е дека Коста К. бил мирен на распитот, а веднаш по масакрот сам се пријавил во полицијата велејќи „јас сум психопат“.
Извор: плусинфо.мк