Шпанскиот готвач Жорди Круз, чиј ресторан ABaC во Барселона има три Мишелин ѕвезди, се потсети на анегдота со Бил Гејтс која го оставила без зборови него и целиот персонал во ресторанот. Тој се присети на тоа во шоуто на „Planeta Calleja“.
„Пред неколку години, Бил Гејтс дојде во ресторанот. Со него дојдоа неговите 25 телохранители, придружбата… Бил го резервира целиот ресторан само за нив. Ние му го подготвивме најдоброто. А знаете ли што направи Бил? Нарача диетална Кока-кола и се врати во својот приватен авион“, му рекол Круз на водителот Хесус Калеха.
„Не проба ништо? – се запраша водачот.
„Ништо“, одговорил готвачот, кој поради Гејтс ги блокирал резервациите во ресторанот два дена. Потегот на Гејтс го разбеснил него, но и неговиот персонал кој направил детални подготовки за беспрекорно да ги пречека милијардерот и неговата придружба.
„Дали навистина треба да затворите цело место за да пиете Кока-кола? – се запраша готвачот.
Инаку, менито за дегустација во ресторанот ABaC чини 295 евра. Гејтс е познат по годините на залагање за поодржлив систем на храна. Поддржува алтернативни брендови за месо како што се Beyond Meat, Impossible Foods и Upside Foods.