Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, смета дека до средината на следната година ковид-19 ќе предизвикува помалку смртни случаи од обичен грип.
-Во средина на природниот имунитет, имунитетот стекнат со вакцините против коронавирус и благодарение на новите терапии, стапката на смртност треба драстично да се намали -, вели Гејтс за „Блумберг“.
Тој вели дека прашањето за набавка на вакцини ќе биде решено до средината на следната година.
Исто така, фармацевтските компании „Мерк“ и „Фајзер“ имаат развиено пилула против коронавирус и смета дека сите овие работи ќе влијаат пациентите да добијат навремена терапија откако ќе се утврди присуство на коронавирус.