Познатиот српски глумец, шармантниот Милош Биковиќ, беше гостин во „Бекстејџседидома“.
Тој откри дека по потекло е од Македонија, односно дека неговиот дедо по татко е од Берово, и дека претходно се презивале Биковски. Презимето го промениле во Биковиќ, поради барањето на Тито – сите оние кои се декларираат како Срби и живеат во Србија да си го променат презимето. Актерот откри и дека наскоро планира да дојде во Македонија и да го посети Берово.
Инаку, Милош Биковиќ во моментов е актуелен со улогата на Петар Мараш во хит серијата „Јужни ветар“, а неодамна се случи и премиерата на филмското остварување „Хотел Београд“.