БИЛ АНГАЖИРАН СНАЈПЕРИСТ ОД БОСНА: Cakaле прво да го убијат братот на Александар Вучиќ

by Тони Зографски

Српскиот министерот за внатрешни работи Александар Вулин потврди дека во еден од становите на соработниците на Вељко Беливук е пронајден снајпер со придушувач.

Како што додаде тој снајперите не е наменет за мафијашки судири.

“Најдовме дрога насекаде, скоро во секој стан. Дрога, оружје, пари. Она што не го очекувавме е да најдеме снајпер со придушувач на звук. Не служи за справување со мафијаши. Снајпер се користат за ликвидации, за оние  кои имаат “големо политичко значење. Дали може да ме ликвидираат? Можеа. Дали тоа ќе ги реши нивните проблеми? Тое не. Единствената личност чија ликвидација ќе ја запре организираната борба против мафијата ќе биде Александар Вучиќ”, рече тој .

Инаку, како што дознава „Република.рс“, Веља невоља планирал прв да биде убиен братот на претседателот Александар Вучиќ, Андреја.

За таа цел бил ангажиран и снајперист од Босна кој имал искуство во војната.

Вулин истакна дека групата на Беливук е најопасна од земунскиот клан.

„На нас е да видиме како настана, зошто настана и што направи. Земунскиот клан повеќе нема да постои во оваа земја“, убеден е Вулин.

Тој додаде дека има доволно докази и дека нема страв дека доказите ќе исчезнат, како во случајот со убиството на Властимир Милошевиќ, кога исчезна примерок од ДНК на Беливук пронајден на самото место.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com