Македонската презентерка, Билјана Дебарлиева и нејзиниот сопруг Јован, прославија 25 години брак, а нивната прослава во еден скопски ресторан ја овековечија со фотографија, која ја објавија на социјалните мрежи.
Токму тоа беше и причината, естрадниот магазин Бекстејџ да поразговара со неа. Таа сподели интересни ситуации од нивната младост и истакна:
– Јован не смееше да ме држи за рака додека се шетавме, затоа што не сакав луѓето да зборуваат дека имам момче – кажа Дебарлиева и додаде:
– Децата пораснаа и се тргнаа од нас. Секој по својот пат. Со Јован останавме сами, сами одиме и на одмор.
Инаку, Биљана Дебарлиева е мајка на Ана, која е економист, и Мики, кој е основец и има 14 години.