Германскa тиктокерка тврди дека Били Ајлиш ја украла песната на Оливер Драгојевиќ, а многумина се согласиле со неа.
Хитот на Били Ајлиш веќе некое време е број 1 на Билборд листите, но многумина пронајдоа сличности со познатата песна.
Денес секоја нова песна по малку нè потсетува на некоја стара, да се потсетиме на Дуа Липа, музичките експерти често ја препознаваат мелодиската линија на друга песна во еден хит, но последната „случајност“ е сосема неочекувана и предизвика големо внимание на социјалните мрежи, пишува „Слободна Далмација“.
Корисничка на социјалната мрежа Тикток од Германија ги забележала познатите тактови во песната „Birds of a Feather“, огромен хит на американската музичарка Били Ајлиш. Станува збор за песна која веќе две недели е на првото место на светската топ листа на Билборд, а на спектакуларната церемонија на затворањето на Олимписките игри во Париз дури и ја слушнаа и видоа гледачите.
Тиктокерката зборува многу возбудено и еуфорично на германски и тврди дека почетните тактови на хитот на Били Ајлиш се исти како и во хит-дуетот што ги покори хрватските музички топ листи во 1994 година „У љубав вјере немам“ (U ljubav vjere nemam), на авторот Џибони, а снимен е во дует со големиот Оливер.
“Германката (или Хрватката со германска адреса), меѓутоа, воопшто не го споменува Џибони (кој е главниот протагонист на оваа музичка приказна), додека ги свири тактовите од двете песни, наведува дека Били Ајлиш ја „украла“ песната на Оливер Драгојевиќ!
„Да, шокирана сум.“
„Точно, ова е де факто кавер (обработена) песна.“
„И јас тоа го сфатив слушајќи радио…“
Слушнете ги двете песни и проценете сами: дали Били Ајлиш ја ископирала песната на Оливер, т.е. на Џибони како автор на песната „У љубав вјере немам“?