Италијански пар кој бил заедно 60 години починал од коронавирус, со разлика од само два часа, пренесуваат италијанските медиуми. Севера Белоти (82) починала во 9 часот и 15 минути, а Луиџи Карара (86) во 11 часот.
Двајцата ги поминале последните моменти од своите животи во изолација во градот во кој живееле Албино, во северната провинција на Италија, Бергамо. Нивниот син Лука Карара вели дека неможел да ги посети додека биле живи. Лука вели дека двајцата биле во нивниот дом седум дена и немале никаква медицинска помош. Имале температура од 39 степени.
Карара за локален весник изјавил дека неговиот татко пред да се пензионира работел како градежник. Луиџи бил однесен во болница заедно со неговата сопруга во саботата.
„Вашите сакани во вакви ситуации се оставени сами на себе и не можеш да се збогувал со нив, да им пружиш утеха, па дури ни да ги излажеш дека сè ќе биде во ред“, изјавил Лука.
Лука заедно со неговата сопруга и две деца поради опасниот вирус во моментов се наоѓаат во карантин.