Двестотини средношколци од скопската гимназија „Орце Николов“ останале заглавени десетина часа на унгарскиот граничен премин Хоргош додека патувале на екскурзија, а биле пропуштени дури денеска во 10 часот изутрина.
Родители се пожалиле дека децата биле оставени без храна и со ограничена количина вода на пат кон Братислава и Прага со 4 автобуси, а им било барано и по едно евро за да одат до тоалет.
Министерството за надворешни работи известува дека на граничниот премин Хоргош имало голем застој, поради што 200-тини средношколци од скопската гимназија „Орце Николов“ морало да чекаат цела вечер за д ја продолжат екскурзијата кон Прага и Будимпешта.
„Министерството за надворешни работи веднаш по добивање на информацијата за застојот на наши граѓани на унгарскиот граничен премин, преку својата Амбасада во Будимпешта, стапи во контакт со граничната полиција од каде доби потврда дека има вонреден застој на границата што е резултат од големиот број автобуси поради пролетните распусти на европските средношколци. За многу кратко време по остварениот првичен разговор, околу осум часот наутро, од страна на граничната полиција беше добиено известување дека нашите ученици поминале низ граничниот
Граничниот премин Хоргош е и влез во Европската унија и Шенген зоната и е озлогласен по лошиот третман на патниците кои оттука влегуваат во ЕУ, и затоа поголемиот дел туристички агенции од Македонија на турите за Словачка и Чешка го избегнуваат и го земаат