Лаура Перез првпат се појави на телевизија кога имаше 270 килограми. Поради големиот вишок килограми, таа била целосно зависна од помошта на нејзиниот сопруг. Секој ден ја движел во инвалидска количка и се грижел за нејзината хигиена.
Таа редовно морала да има боца со кислород со себе за да може воопшто да дише. И таа се пријавила во шоуто „My 600-lb life“ за да го промени животот, да ослабе и да стане независна. Тогаш нејзиниот сопруг Џои истакнал дека му пречи тоа што мора да направи се за неа. Меѓутоа, како што килограмите на Лаура почнале да се топат, нивната врска станувала сè полоша и постудена. На Џои одеднаш почнало да му пречи тоа што се чувствувал вишок и непотребно.
Во првиот круг Лаура ослабела фантастични 136 килограми. Но, таа не застанала тука и тежината продолжила да се намалува.
Најголемото изненадување за сите бил фактот што нејзиниот брак почнал да се распаѓа откако ослабела.
Џои не сакал Лаура да се вработи и да почне да заработува, а гледачите забележале дека тој станува се понесигурен. Иако официјално не го потврдиле разводот, на нејзината Фејсбук страница нема повеќе слики од Лаура со сопругот, што може да се сфати како сигнал дека се разделиле.
И така се случи вистински феномен – сопругот ја остави откако таа драстично ослабе и што е уште поважно, конечно се осамостои, што доволно говори за неговата несигурност. Денес Лаура изгледа подобро од кога било, се чувствува фантастично и е многу среќна. Мажите постојано се вртат по неа каде и да се појави и таа се почесто го привлекува нивното внимание.