Професорка во средно училиште во Калифорнија некогаш прогласена за „Наставничка на годината“ е уапсена поради секс со 16-годишен ученик, соопшти полицијата во Калифорнија.
Трејси Вандерхулст, 38-годишна професорка по математика во средното училиште Јукаипа, е обвинета за силување откако истрагата ги потврди тврдењата дека имала секс со малолетник. Полицијата не соопшти кога и каде двајцата имале секс, пишува New York Post.
Жртвата, пак, е опишана како 16-годишен средношколец во споменатото училиште, иако не е јасно дали тој сè уште го посетува.
Професорката, пак, завршила во централниот притвор во Сан Бернардино. Нејзината кауција е одредена на 30.000 долари. Детективите истакнаа дека сметаат дека професорката подолго време „оперирала“ околу гимназијата и дека може да има повеќе жртви.
Одделот на шерифот побарал од сите кои имаат дополнителни информации за инцидентот да контактираат со нив.
Вандерхулст претходно била прогласена за професорка на годината во 2017 година, според локалните извештаи. Директорот ја опишал како експерт кој „го отелотворува видот на воспитувач каков што многумина сакаат да бидат – таа е љубезен и иновативен наставник кој ги развива нашите деца, едукатор кој се обидува да ги вклучи сите ученици во образовната програма, од најлош до најдобар“, се наведува во образложението на наградата.