Верена Твиг (45) е поранешна ѕвезда на Плејбој која во еден момент доживеала животен пресврт. Таа гламурозниот начин на живот, каде единствена работа ѝ била да се соблече гола и да позира како нечија дублерка, го променила, така што веќе во петтата деценија заработува чистејќи станови. Животот во своите дваесетти го памети како најдобрата деценија во животот.
-Се сеќавам кога почнав да се занимавам со манекенство и, за разлика од другите девојки, не избегнував да снимам рекламни кампањи за долна облека. Сфатив дека така можам да заработам многу пари. Мојата единствена работа беше да се појавам на снимање или на забава во долна облека, а многу често бев и без неа. Многу брзо стигнав до насловните страници на машките списанија – се присетува Твиг, а за тоа пишуваше Сан.
По игра на случајот најдобрата другарка на Верена била зајачица на Плејбој и преку неа успеала да влезе во царството на Хју Хефнер.
– Мојата пријателка им покажала мои фотографии и набргу ме поканија на снимање, но и на незаборавни забави во познатата Плејбој вила. На забавите, запознав многу влијателни луѓе, се чувствував слободно додека шетав гола. Никогаш не сум имала проблем да ги покажам градите и да се сликам гола. Добро ни плаќаа кога парадиравме низ касарните целосно голи и жал ми е што повеќе не постои тоа диво време во кое можеш да бидеш „вистински слободен“ и да уживаш во своето тело – објаснила таа.
Првите силикони ги поставила на 21 година, кога ги зголемила градите за два броја. А, девет години подоцна повторно ги зголемила. Веќе на 30-годишна возраст, нејзината манекенска кариера била практично завршена, па таа се посветила на работата во една агенција каде ангажирала млади девојки кои сакале да се занимаваат со манекенство.
– На 35 години нема што да барате во светот на гламурот. Од друга страна, како што порано лудите забави беа составен дел од мојот живот, така по 35-тата година копнеев да бидам сама. На почетокот мислев дека нешто не е во ред со мене, но сфатив дека секоја возраст од животот има одредени приоритети. Токму како што во моите 20-ти години едвај чекав да се разголам и да танцувам до зори, така во 40-тите најмногу сакам да шетам во природа. Ја најдов и мојата сродна душа, тоа е моето куче чивава. Уживам во тишината и шетањето со него – објаснува Твиг.
Денес, Верена има 45 години и успешно води сервис за чистење кој сама го основала. Голем извор на приход ѝ е и станот што успеала да го купи од некогашната заработка како модел на Плејбој.
– Бев паметна и заработените пари во Плејбој ги вложив во недвижнина што сега ја издавам. Живеам прилично тивко и мирно. Знам што правев и како живеев, поради што никогаш не посакав да имам деца. Чудно ми е што луѓето сè уште ме препознаваат во супермаркет. Мислам дека тие луѓе сигурно имале постер од мене залепен во камионот – се присетува поранешната ѕвезда на магазинот „Плејбој“.