Последниве години многу се пишува за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје и зголемувањето на анксиозноста кај корисниците, но сега почна да се зборува и за подигањето на зависноста од секс. Откако Инстаграм се појави во 2010-та година, милиони корисници отворија профили тргнувајќи во борба за собирање следбеници и лајкови. Многумина од своите онлајн животи направија кариера, додека други, како Лаури Џејд Вудруф, поради социјалните мрежи ја разбудила својата сексуална опсесија.
Лаури истакнува дека апликациите како Инстаграм, делуваат како лекови кои ја хранат нејзината желба за секс.
„Инстаграм е место со многу искушенија. Социјалните медиуми ги поттикнуваат жените да објавт содржини кои инаку не би ги ставиле“, рекла Лаури.
„Во мојата најлоша фаза на зависност, бев опседната со идејата да спиам со непознати. А, социјалните медиуми тоа го направија едноставно за остварување. Заборавив на излегување во бар или користење на дополнителни апликации за љубовни состаноци, бидејќи Инстаграм ми овозможи од мојот дом, бесплатно да најдам партнер“, открила таа.
Признала дека досега спиела со околу 200 мажи, а кога го достигнала врвот на зависноста, имала секс со тројца непознати мажи неделно.
Лаури, која сега е квалификуван терапевт, вели дека за неа сексот бил само начин како да ја надополни внатрешната празнина.
„Се чувствував толку празно одвнатре, поради што барав блискост. Облекував провокативна облека и фотографиите ги објавував на Инстаграм. За неколку минути добивав многу комплименти и пораки од непознати мажи“, раскажала таа и додала:
„Социјалните мрежи ми овозможија на едноставен начин да привлечам внимание, но ми требаа неколку години за да сфатам колку е штетна таквата поврзаност, која исклучиво се темели на мојот изглед.“
Лаури се присетила на едно непријатно искуство, кое ја натерало да оди на одвикнување, иако истакнува дека можела да заврши и многу трагично, бидејќи ретко обрнувала внимание на својата безбедност додека имала секс со непознати мажи.
„Беше петок навечер и бев возбудена што ќе се сретнам со нов непознат маж. Ми рече дека сум многу убава, а кога дојдовме до креветот, стана груб и се преплашив. Тоа беше момент во кој сфатив дека мојата опсесија отиде предалеку и дека мора нешто да преземам“, се присетила девојката.
Истиот ден барала начин за да посетува терапии за одвикнување и успеала да апстинира од секс цели шест месеци.
https://www.instagram.com/p/B3sbCM6BseW/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/B4MeIrVhsnv/?utm_source=ig_web_button_share_sheet