Во 1966-та година на изборот за Мис, како прва претставничка на тогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, дубровчанката Никица Мариновиќ го освоила второто место и станала првата придружничка на Индијката Рита Фари.
Никица на изборот, наводно, се нашла случајно. Во времето кога се организирал изборот „Мис Југославија“, женскиот неделник „Базар“ ја презел организацијата. Меѓутоа, главната уредничка не била задоволна од пријавените кандидатки и тргнала во потрага по анонимни девојки. Таа ја сретнала Никица, која тогаш била средношколка. Одвај успеала да ги убеди нејзините конзервативни родители да ја пуштат да учествува, а токму таа зад себе ги оставила сите југословенски убавици, а потоа и најубавите од целиот свет.
Сепак и самата Никица долго време се убедувала да се соблече во дводелен костим за капење. Попуштила дури кога нејзините влијателни луѓе ѝ дале лиценца за Мис на светот. Во Лондон ја дочекале како вонземјанско суштество, била првата Мис дама од земјите од социјалистичкиот блок. Наместо очекуваните партизанки, пред нив заблескала вистинска убавица.
По триумфот на изборот „Мис на светот“, Никица се преселила во Белград. Се зборувало дека го одбила славниот филмски продуцент Дино де Лаурентис, кој ѝ нудел исполнување на холивудскиот сон, објаснувајќи му дека нема талент за глума. Нејзиното лице со години потоа ги красело насловните страници, таа на читателките им делела совети за мода и убавина, а со убавината, насмевката, скромноста го заведувала секој што ќе го сретнела.
Нејзиното срце го освоил белградскиот книжевник и режисер Вук Вучо со кој го добила синот Џорџ. Тој брак траел помалку од пет години, а по разводот повторно ја опседнувале додворувачи. По вторпат Никица судбоносното “да“ го кажала на познатиот режисер Здравко Шорт со кој го родила синот Марко. Тој брак траел подолго, но и таа љубов завршила во 1980-та година.
Но, во еден момент на Никица ѝ се изгубила трагата. Се зборувало дека се бори со депресија и дека посетува психијатриски установи. Живеела далеку од очите на јавноста па дури ги прекинала и своите контакти со најбиските другарки.
Во ноември 2008-та година нејзиното име повторно било главна тема во медиумте. Овојпат, за жал поради најстрашната причина. Никица испила смртоносна доза на таблети за спиење, а позади себе не оставила ниту проштално писмо. Имала 61 година кога починала.