Велат дека Југославија немала поубава мисица од Бернарда Маровт, која во 1983 година на изборот за Мис на светот ја претставувала поранешна Југославија. Таа не успеала да дојде до победата, иако многумина сметале дека ја заслужила, а за сеж е виновна една провокативна фотографија.
Разголената слика од Бернарда, инаку по потекло Словенка, осамнала во британски „„Daily Mirror””, неколку дена пред натпреварувањето кое таа година се одржувало во Лондон. Сите кои ја виделе велат дека била убедливо најубава, најелегантна и најдобро облечена девојка таа година, но сепак не ја понела круната – се шпекулирало дека сето тоа го предизвикала Џулија Морли, шефот на лондонскиот избор за Мис, на која не ѝ одело во прилог да победи Југословенката.
Но, како и да е, разголените фотографии можеби ѝ ја симнале круната, но ѝ донеле голема слава. На истото натпреварување била прогласена за Мис фотогеничност и продолжила со одлична кариера во Загреб и Љубљана.
После изборот за Мис нејзината кариера продолжила да се движи по нагорна линија. Се зборува дека мажите не можеле а да не се свртат кога таа ќе поминела на улица а во 1990 година била прогласена за топ – модел на Италија,во 1992 година за топ – модел на Европа, а во 2000 година била прогласена за најубавата Словенка за 20 век.
На врвот од кариерата заработувала и по 3.000 долари по реклама и ја споредувале со Мадона.
Заработените пари добро ги вложила и за разлика од најголемиот број на колешки кои блеснуваат на изборот за Мис, а потоа едноставно исчезнуваат, таа и ден денес работи како фотомодел и манекенка, има 56 години, има школо за манекени и изгледа подобро од било кога.