Неверојатен момент е забележан на Тајланд кога 49-годишната Чатапорн Срифонла ненадејно се разбудила на пат кон гробиштата каде што требало да биде погребана. Чатапорн најверојатно починала додека ја возеле од болница до нејзиниот дом во провинцијата Удон Тани на 29. јуни минатата година, но тоа само за момент.
Болничарите верувале дека девојката починала додека се возела, а нејзината ожалостена мајка Мали ги известила роднините за трагедијата, припишувајќи ја смртта на битката со ракот на црниот дроб.
– Ќерка ми се лекуваше од рак во болница, но лекарите ни рекоа дека има мали шанси да преживее. Сакав последните моменти да ги помине со семејството, па договорив да ја вратат во нашиот дом. Бевме скршени од болка кога откривме дека починала на патот кон дома – изјавила тогаш мајката на Чатапорн.
Семејството го подготвило ковчегот, организирало комеморација и кремирање, а потоа се случило невидено нешто. Додека комбето било на пат кон храмот Ват Шри Фадунг Патана, Чатапорн одеднаш ги отворила очите. Се слушнале врисоци, пискотници, нејзината мајка Мали истовремено била збунета, среќна и запрепастена, повторно имала причина да ги повика роднините, но овој пат со добра вест – нејзината ќерка сепак е жива!
– Лекарите ни рекоа дека има мали шанси да преживее, а ние се надевавме дека последните моменти ќе ги помине со семејството, пренесува Daily Mail.
Сличен инцидент се случи и претходно истиот месец во Еквадор, кога 76-годишната Бела Монтоја се разбудила во својот ковчег за време на комеморацијата. Почнала да гребе по ковчегот за луѓето да сфатат дека е жива, но за жал, починала една недела подоцна.
Сите овие чудесни оживувања нè тераат да се посомневаме во границите на медицинската дијагностика и вредноста на животот.