Актерката Мерјем Узерли се прослави со улогата во серијата „Сулејман Величествениот“, а убавата Хурем зад насмевката крие страшни животни пресврти.
На врвот на својата слава за време на снимањето на „Сулејман Величествениот“, Мерјем го запознала бизнисменот Кан Атеш, кој е 17 години постар од неа. Забременила со него, убедена дека Кан ќе ја сподели нејзината радост. Сепак, тој се обидел да ја натера да абортира бидејќи не можел да го поднесе фактот дека тоа ќе му биде трето дете.
Со оглед на тоа што веќе била доволно кревка поради огромната слава со која сè уште не научила да се носи, таа го презела овој удар сама. По многу размислување, таа донела одлука да го роди детето и така се родила малата Лара, која денес е центарот на нејзиниот свет.
Мерјем денес е силна и сталожена жена, благодарение на тешките ситуации низ кои поминала. Во одредени моменти нејзиниот живот бил вистински пекол.
Периодот пред да ја роди Лара ѝ бил исклучително тежок психички, а Мерјем подоцна отворено проговорила во медиумите за тоа дека се борела и со самоубиствени мисли.
– Една вечер во Анталија добив признание за мојата глума, а истата вечер имав обид за самоубиство. Прво се обидов да си ги пресечам вените, а потоа се обидов да се фрлам од балконот – признала актерката за турските медиуми. За среќа, таа се откажала од тие обиди.
Мерјем и по толку тежок период во животот не се откажала од љубовта. Таа собрала храброст да се обиде повторно, иако нејзиниот следен избраник бил сличен на Кан. Тоа бил 17 години постар претприемач, Алп Озкан. Нивната љубов не траела долго, само два месеци.
Во јануари 2021 година, таа стана мајка по втор пат и роди девојче кое го нарече Лили Кои, но не откри кој е таткото на девојчето.
Нејзиниот љубовен живот отсекогаш бил предмет на озборувања. Се зборувало и дека Мерјем за малку ќе го уништила бракот на колегата Халит Ергенч.
Но, и во Турција кружат гласини за тоа дека Мерјем наводно всушност сакала жени, па бидејќи во еден период Мерјем често одела во Рим за викенди, турскиот печат пишувал дека таа уживала во блиските средби со тамошните манекенки. Мерјем тогаш изјавила дека има драга и блиска пријателка која живее во Рим.
И уште една страшна сцена се случила кога Мерјем била на почетокот на кариерата и самостојниот живот.
Мерјем на 19 години прошетала разголена низ Дубаи и тогаш ѝ се случила првата тешка казна во животот. За недолично однесување, таа била казнета со камшикување.
– Мислев дека нема да ме удри силно, но беше пеколно. Човекот што ја извршуваше казната буквално ми се смееше в лице. Ме удри 10 пати – открила во едно интервју, нагласувајќи дека не знаела дека казната за тоа е камшикување.