Боливудската убавица Дипика Падуконе била прогласена за најплатена актерка во 2016 година, со годишна заработка од 96 милиони долари. Таа важи за најпопуларна актерка во Индија, а покрај тоа и за една од најубавите жени во светот.
Во брак е со Ранвер Синг, со кој почнале да се забавуваат во 2018 година.
Но, интересно е што актерката своевремено изјавила дека нејзината непрежалена љубов е најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ. Познатиот тенисер ја воодушевил уште на првата средба. Посебно нагласила дека времето поминато со него никогаш нема да избледи од нејзините сеќавања.
„Новак ме воодушеви на прв поглед! Знам дека е зафатен човек, дека има деца, но никогаш нема да го заборавам времето што го поминав со него. Беше шармантен, љубезен и исклучително духовит. Кога на сето тоа ќе ја додадете и самодовербата на човек кој е најдобар на светот во она што го работи, ќе ви биде јасно зошто ниту една жена не може да му одолее. Никогаш не сум сретнала некој сличен нему! Затоа Ноле засекогаш ќе остане мојата најголема љубов“, изјавила Дипика.
Таа е во брак со Ранвер Синг од 2018 година и двајцата се еден од најпопуларните и најстабилните парови во Боливуд. Дипика истакнала како трпението е важно во односите и рекла дека паровите треба да учат од постарите.
Оваа директна дама веќе следната година повторно била поврзувана со Новак, по полуфиналето на Вимблдон. Фотографите ја забележале како го чекала Новак пред соблекувалната за да му го честита пласманот во финалето. Сепак, тогаш налетала на Јелена, со која „муабетеле“.
Потоа, во 2016 година биле „фатени на дело“! Таа година Ѓоковиќ го искористил своето учество на Индијан Велс како би го гледал во живо кошаркарскиот натпревар во НБА лигата помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Орландо Меџик, а по натпреварот Ноле и Дипика од приватен шофер биле однесени во еден од најпознатите ресторани во Калифорнија – притоа двајцата седеле на задното седиште.
Американските медиуми не знаеле која е Дипика.
Воопшто не знаеле колку таа всушност е популарна во Азија! Најпрвин објавиле како Ѓоковиќ поминал интимна вечер со непозната атрактивна црнокоса девојка и објавиле нејзини фотографии.
Кога им станало јасно која е, новинарите направиле „хаос“. Тогаш Јелена Ѓоковиќ за првпат реагирала, а нивниот брак доживеал криза.
„Новак е пред развод. Јелена сфатила дека односот на нејзиниот сопруг со Дипика го преминува обичното дружење и тоа ја повредило. Побарала од Новак да ги раздвојат банкарските сметки и речиси била подготвена да го напушти“, тврдел италијанскиот дневен весник „La Gazzetta dello Sport“, чии новинари добиле потврда дека љубовта на Ноле и Јелена била разнишана.
Во текот на првото следно интервју, српскиот тенисер се обидел да објасни како тоа не било вистина. Всушност, тој не негирал дека бил многу близок со Дипика, туку само тврдел како Јелена не можела да биде љубоморна на Индијката бидејќи тие две биле добри пријателки.
„Сите тие приказни за Дипика ме насмеаја. Таа е добра пријателка со мојата сопруга, а исто така и голем љубител на тенисот, затоа можеби сте ја виделе неколкупати на моите натпревари“, изјавил тогаш Ѓоковиќ.
Се шпекулирало и дека српскиот тениски ас ќе ги тужи „La Gazzetta dello Sport“, поради приказната за разводот, но тужбата никогаш не била напишана.