Познатиот бизнисмен и сопственик на „ФОН Универзитет“, Сефер Цаноски на Фејсбук сподели радосната вест дека по петти пат станал татко. Неговата сопруга, Сезен му роди девојче кое ќе се вика Адила Дефне Цаноска.
-Добредојде Адила Дефне Цаноска.
Да бидеш здрава, жива и бериќетна со најубав к’смет на цел свет – напиша Сефер заедно со фотка од болницата.
Инаку, од бракот со Сезен, Цановски е татко на три деца, а од неговиот претходен брак со Лејла, ќерката на Велија Рамковски, Сефер има две деца.