Претседателот на Македонско-Турска стопанска комора во Македонија (МАТТО), почесен конзул на Турција, сопственик на Трговскиот центар Капитол мол и Хотел Хилтон во Скопје, Ајдован Адемовски ги купи 100% акциите на Рамстор Македонија дознава 24 инфо.
Рамстор, кој во Македонија започна со работа во 2005 година е дел од Мигрос Тиџарет А.Ш, еден од најголемите ланци на маркети во областа на малопродажбата во Р. Турција.
Рамстор ги нуди своите услуги во 6 различни градови низ Македонија со вкупно 21 маркет и еден Трговски центар во центарот на Скопје со повеќе од 90 избрани продавници и брендови и сместен на простор во 25.000 м2.