Жена од Шпанија му забранила на своето семејство да ѝ дојде на погреб, а во весник објавила листа од 15 гости кои можат да присуствуваат на истиот.
„Со оглед на тоа дека моето семејство веќе долго време не е ‘мое’, нагласувам дека само на овие лица од листата подолу им е дозволено да дојдат на мојот погреб“, напишала таа.
Сите други кои не се грижеа за мене за време на мојот живот, сакам да продолжат да живеат далеку од мене, како што тоа го правеа досега“, додаде таа.
Луѓето на социјалните мрежи коментираа за некрологот, и дека овој потег бил „храбар“ поради искреноста во последните моменти од животот на Марија.
– Ако веќе ја оставиле сама во текот на нејзиниот живот, со тоа лицемерие нека се држат настрана од погребот, напиша еден корисник на Твитер.
Иако некои луѓе го пофалија нејзиниот потег и тоа што се огласила на нејзиното семејство, други не се согласија со нејзината одлука.
– Искрено, да се умре огорчено е секако еден од најтажните начини да се умре, напишаа некои корисници на социјалните мрежи.
Други ја нарекле несреќна и злобна жена.