Русинот Сергеј Рибченков од Москва ја измислил терапијата на мртовечки ковчег или позната како „Coffin therapy“.
Оние кои сакаат да учествуваат во своевидна сесија поминуваат низ ритуал идентичен како и починатиот.
Клиентите се облекуваат во ритуална облека и потоа влегуваат во ковчегот. Потоа Сергеј ги покрива со ќебе по телото, пали свеќи околу нив, а потоа става капак за целосна атмосфера.
Суштината на терапијата е да се потопите во атмосферата на погребот, таа овозможува изолација и заборавање на надворешниот свет.
Може да потрае и до неколку часа во ковчегот.
– Ги ставаме луѓето во ковчег за да ја разбереме кревкоста на животот – објасни Сергеј.