Грејс од Вашингтон работи како „бикини бариста“, односно на гостите им служи кафе облечена само во долна облека.
– Можете да ме осудите за тоа што го правам, но барем ме плаќаат затоа што изгледам толку добро – тврди Грејс.
– Нешто за што никој никогаш не зборува е фактот дека овие муштерии малку се заљубуваат во тебе – вели оваа згодна келнерка и додава дека оваа опсесија често кратко трае, но секако дека добивала многу подароци од гостите во кафулињата.
Освен подароците, Грејс тврди дека бакшишите се големи, но има и чудни барања.
Таа откри дека неколку мажи ја замолиле да испие една голтка кафе пред да им го послужи.
Некои дури и понудиле бакшиш за да им „плука“ во пијалакот.
Научила да се справува со непријатни ситуации и агресивни гости.
„Што се однесува до некои, побарав забрана за приближување“, додаде таа.
Во едно видео таа откри и дека еднаш на подарок добила кауч, намирници, но и голем проектор.