Невестата во Индија починала на денот на нејзината свадба, па наместо таа, нејзиниот младоженец решил да се ожени со нејзината помала сестра. Телото на несреќната жена лежело во просторијата покрај нив, додека парот разменувал завети во Етавах, во државата Утар Прадеш.
На младата жена, чие име е Сурби, и се слошило за време на долгата хиндуистичка свадбена церемонија. Отпрвин, сите мислеле дека и е тешко поради традиционалната венчаница, кој вклучува тежок накит и многу шминка.
Сепак, се испоставило дека младата Сурби доживеала срцев удар. Иако веднаш била повикана итна помош, невестата починала набргу по пристигнувањето на лекарите.
Особено неутешен бил младоженецот, Мањеж Кумар, кој поради тоа што останал без невеста, било извесно дека го очекува и осуда од присутните. Како што пишува „Дејли мејл“, доколку сватовите не ги донесат невестата и младоженецот, според индиската традција, тоа е „голем срам“ за фамилијата и значи дека некој фрлил „клетва“ на семејството.
Сепак, младоженецот Кумар не си заминал дома „засрамен“.
Иако уништено од загубата на нивната ќерка, семејството на младата Сурба одлучило дека венчавката мора да се одржи, со цел да се избегне непријатност за двете семејства. Мајката и таткото на починатата невесста му понудиле на младоженецот да се омажи за помладата сестра, која исто така била доволно стара за да се омажи.
Така, Кумар и Ниња се венчале и ја славеле својата венчавка додека телото на Сурба лежело во соседната просторија, чекајќи да биде подготвена за кремирање, според хиндуистичките обичаи.