Туристи кои завчера се нашле во еден од баровите на плажа на Халкидики можеле да присуствуват на прилично бизарна и несекојдневна сцена на киднапирње и мала тепачка во која главна улога имале девојка од Кина и Србинка, како и обезбедувањето на плажата, а пичина за тоа била – масажа.
Имено, како што велат очевидците, причина за кавгата била масажа и упорна Кинезинка која се закачила на ногата на Србинката, инсистирајќи да ја масира.
Како што е наведено во објава на Фејсбук, кинеската масерка шеатала на плажа во потрага по клиент кој може ќе сака да го измасира, па наишла на Србинката која на плажата била со сопругот и детето. Србинката се согласила масерката да го направи своето, после што настанал хаос.
-Подоцна жената отиде да се капе, а Кинезинката се врати кај нејзината лежалка и застана чекајќи ја. Гледајќи дека масерката е упорна, Србинката се врати на лежалката и во моментот кога почна повторно да ја масира, дојде келнерката и замоли масерката да си замине. Келнерката ѝ објасни на Србинката дека тие во барот нудат услуги како масажа и дека не е дозволено да дојде некој од надвор и да масира – се вели во објавата на Фејсбук.
Кинезинката тогаш ја фатила Србинката за нога и почнала да ѝ ги масира стапалата.
Масерката никако не сакала да ја пушти жената па обезбедувањето на плажата морало да реагира. Сопругот на Србинката се обидувал да ја извлече жената велејќи ѝ на масерката да ѝ ја пушти ногата.
Целата таа парада била завршена откако масерката земала 5 евра за својата услуга, велат очевидците.