Брутална снежна бура ги погоди Соединетите држави, а ниските температури и огромното количество снег ги однесоа првите животи.
Една старица замрзна откако залутала далеку од домот во Пенсилванија, но снегот бил и причина за бизарно злосторство во градот Плејнс Тауни, мал град во истата држава.
Џефри Спејд (47) ги уби соседите кои живееја во куќата спроти него додека го расчистуваа снегот. Тој ги уби Џејмс Гоја (50) и неговата сопруга Лиза, а чистењето на снегот беше причина за расправијата, пренесува „NY Post“.
Двете фамилии живееја една спроти друга и секој пат кога едната ќе го расчистеше снегот, го фрлаше на имотот на другиот.
Спајд им го одзеде животот на двојката со пушка АР-15, а потоа се врати во куќата, зеде нова пушка и сам си пресуди со неа.