Во близината на Ужице се случила несекојдневна несреќа во која загина 68-годишен маж.
Несреќата се случила насред улица, кога жена (47) со возило “голф“ удрила машко лице кое во тој момент излегувало од шахта.
Мажот починал во ужичката болница од здобиените повреди.
Според дел од српските медиуми, загинатиот бил нејзин татко.