Шеесет и четиригодишен маж од Велес се здоби со тешки телесни повреди откако бил прегазен од сопствениот трактор.
Вчера во домот во селото Мамутчево-Велес, велешанецот лежел под неговиот трактор и вршел поправки, кога возилото се придвижило и со задното тркало му поминало врз градите.
МВР јави дека лицето било пренесен во Општа болница Велес, каде му биле констатирани тешки телесни повреди