Почина 26-годишниот маж кој вечерта на 1 април во Загреб се качил на покривот од куќа во која живеел 67-годишен маж во Загреб.
При спуштањето, младиот човек се обидел да влезе во корпата на противпожарното возило со кое се изведувала спасувачката мисија, но не успеал па паднал на земја и се здобил со тешки повреди.
Загрепската полиција извести дека младиот човек починал на 3 април околу 15 часот и 35 минути во клиничката болница „Сестрите на милосрдието“ поради повреди здобиени при пад од височина.
Трагедијата се случила на улицата Јосипа Козарац.
„На 1 април околу 22,20 часот во Центар на улица Јосипа Козарац, непознато машко лице од засега непозната причина се качило на покривот од куќата и паднало при обид да се симне кон противпожарно возило. Медицинска помош му била укажана во клиничката болница „Сестрите на милосрдието“, каде му била констатирана тешка телесна повреда“, соопшти претходно полицијата за несреќата.