Бизарна кампања на модниот бренд „Marc Jacobs“ за моделот на чанта „XL Sack“ се споделува на социјалните мрежи, а прикажува манекенка која се тркала по скали, а потоа станува како ништо да не се случува и продолжува да оди.
Кампањата на „Marc Jacobs“ со сигурност не е секојдневна промоција на нивните производи, а во истата се појавува манекенката Тереза Кубова која се „сопнува“ во ултрависоки чевли и се тркала по камени скали пред да стане, да ја поправи косата и опуштено да замине како ништо да не се случило.
Манекенката, која се занимава со каскадерска работа за меѓународна агенција, исто така носела дизајнерски мат сребрени фармерки со монограм и јакна во истата нијанса.
Нејзината „XL Sack“ чанта од 795 долари го надополнила изгледот, но имала и дополнителна улога како „подлога“ за тркалање по скалите.
Видеото е споделено на официјалните профили на брендот на социјалните мрежи, а во коментари луѓето збунето ја коментирале снимката, прашувајќи се што гледаат. Некои веруваат дури и дека падот не бил исцениран и го критикуваат брендот.
„Се надевам дека е доволно платена за ова“, „Дали ова треба да биде реклама? Кутра девојка, сигурно е повредена“, „Модата е опасна“, „Збунет сум“, се само некои од реакциите.