Советничката за комуникации на градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, Кристина Костова на својот Твитер профил ги искара светскиот виртуоз на пијано Симон Трпчевски бидејќи пред почетокот на новогодишниот концерт во штипската сала тој пред публиката искажа јавна критика кон нечовечките услови во кои бројниот оркестар беше принуден да свири, односно ладната сала и нефункционалните радијатори.
Ова обраќање на големиот уметник не ѝ се допадна на Костова, која на својот Твитер профил го прозиваше Трпчевски зошто не се побунил кога на негов концерт доцнел поранешниот премиер Никола Груевски.
Инаку, Симон Трпчески е меѓународно истакнат македонски класичен пијанист и е прв носител на титулата Национален уметник на Република Македонија.