Даминута важеше за голем талент на романскиот фудбал, па како тинејџер беше дел од Интер, по што се пресели и во Милан, но не се прослави ниту во еден од гигантите.
Поради тоа што повеќе беше посветен на убавите жени и забавите, Даминута мораше да ја заврши кариерата на 31 година бидејќи не успеа да најде сериозен ангажман.
Романецот забележал дека неговата сопруга заработува многу пари, по што сакал да дознае како го прави тоа и на крајот ја открил вистината.
„Сопругот реагираше супер кога дозна за тоа. Ми беше непријатно да му кажам како заработувам пари, го криев тоа од него, но на крај дозна“, изјавила за романските медиуми Мадалина.
„Тој е либерален и нема никаков проблем со тоа. Зборувавме за тоа кога дозна и среќна сум што ме разбира. Не му пречи и ме поддржува. Не е љубоморен како што зборуваа затоа што тоа нема никаква причина за тоа. Ми помага понекогаш околу фотографиите и знам дека секогаш ќе ми биде поддршка“, додала сопругата на фудбалерот.
