Бивша француска тенисерка: Тренерот ме силуваше трипати дневно, имав 12 години!

by Тони Зографски

Поранешната француска тенисерка Анжелик Коси откри пред јавноста дека нејзиниот бивши тренер Ендрју Гедеш ја силувал трипати дневно додека била дете и тренирала во академија.

Претходно беше утврдено дека тренерот силувал уште три девојчиња, кои биле во неговата академија, а Коси пред судот раскажа дека секој ден минувала низ пекол.

„Многу пати размислував за самоубиство, ме силуваше трипати дневно. Првата ноќ ме замоли да заминам во неговата соба, а јас тоа не го направив, а потоа влезе во мојата. Бев како во затвор, не можев да излезам кога сакав, а потоа морав да останам на местото каде што се случи тоа“, кажа Коси.

Монструмот во 2021 година беше осуден на 18 години затвор, а бившата француска тенисерка ја силувал околу 400 пати во две години.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com