БИВШАТА ЖЕНА НА МИЛИЈАРДЕРОТ ОТКРИВА: Еве како да се збогатите

by Тони Зографски

Писателката и поранешна сопруга на Илон Маск, Џастин Маск открива што е потребно за да се збогатите. Според нејзиното мислење, работата не е во одлучноста и во тоа колку сте вредни, туку во нешто друго.

„Префрлете го вашиот фокус од она што го сакате (милијарда долари) и посветете се да откриете што е тоа што му е потребно на светот. Запрашајте се каква уникатност поседувате, а ниту еден компјутер не може да ја замени, нешто што никој не може да го пронајде поевтино, нешто што никој не може да ви го украде и да го направи подобро“, порача таа во еден говор.

И тогаш тој потенцијал треба да се развие.

“Изберете една работа и станете експерт. Изберете друга работа и станете експерт и за тоа. И, кога ќе станете експерт во два света, да речеме инженеринг и бизнис, можете да ги поврзете и да споите нови идеи, но и да создадете конкурентна предност, односно да се разбудите до идеја која ќе ви го промени животот“ рече поранешната сопруга на Илон Маск.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com