Поранешната жена на Ерос Рамацоти, водителката Мишел Хунцикер во интервју за “Штерн“ открива како влегла во канџите на сектата “Војници на светлината“. Како што таа вели во тој период бил почесто сама бидејќи Ерос бил на турнеи.
Прво си замислувала дека е сестра на Исус, па влегла во филм дека е сопруга на СС офицер која не можела да го спречи да не убива луѓе. Па била веганка, открива и дека со години немала секс, а четири години не комуницирала со мајка ѝ.
-Така е кога си во секта, ти се стега јажето околу вратот, се додека не ти се испере комплетно мозокот – вели Хунцикер кој шест години бил дел од сектата. Вели дека нема намера да ја тужи.
-Нема потреба никого да тужам. Бев млада и наивна и јас сум одговорна за тоа.
Во 2006 година повеќе неможела да издржи во сектата
-Во сектата имаше судири и завист. Почнаа да ме казнуваат и ме изолираа. Исто како на наркоман кога ќе му ја скратат дрогата -вели таа и додава:
-Ми рекоа дека ќе умрам ако се отидам. Им верував, но ми беше сеедно. Сакав да бидам со ќерка ми, макар после тоа и да умрам.
Денеска Мишел Хунцикер има 41 година, мажена е за наследникот на модниот концерн “Трусарди, Томаз Трусаррди и има две ќерки.